Содржина

    „Жените го редефинираат успехот“ отвора простор и еднакви можности за сите жени – втор настан од серијалот одржан на Економскиот факултет – Скопје

    December 23, 2025

    На Економскиот факултет во Скопје успешно се одржа вториот настан од серијалот „Жените го редефинираат успехот“, иницијатива посветена на општественото влијание и еднаквите можности за сите, како дел од ProActive платформата. 

    Настанот имаше за цел да ги охрабри младите жени, но и сите млади луѓе да вложуваат во себе, да ја препознаат сопствената вредност и храбро да чекорат кон своите професионални, кариерни и лични цели. Во динамична и инспиративна атмосфера, студентките и студентите активно учествуваа во дискусиите, споделувајќи идеи, размислувања и лични искуства кои потврдија дека успехот има многу форми, но секогаш започнува со верба во себе. 

    Размената на мислења и искуства уште еднаш покажа дека иднината припаѓа на подготвени, иницијативни млади луѓе, кога тие се поддржани од професионалци кои препознаваат и веруваат во нивниот потенцијал. 

    Посебна благодарност до говорниците и модераторите, проф. д-р Мијалче Санта, декан на Економскиот факултет во Скопје, проф. д-р Марија Трпкова Несторовска и проф. д-р Димитар Јовевски. Посебна благодарност до учесничките во панел дискусијата кои споделија вредни и инспиративни лични приказни кои ќе им служат на новите генерации, Ирена Јакимовска, сопственик на „Comfy Angel“, проф. д-р Елена Наумовска и Добринка Стефанова Ѓоргиева, директор на оддел за одржливост во ПроКредит Банка. 

    ПроКредит Банка продолжува активно да вложува во создавање можности и поддршка за жените во Македонија, градејќи поодржлива и поинклузивна иднина полна со безброј можности и простор за раст и напредок.