Содржина
Зелени приказни што вреди да се слушнат
Вистинско задоволство е да се даде поддршка за нештата што навистина вредат. Затоа, со гордост ја поддржавме реализацијата на Yes for Less поткастот, во улога на главен спонзор. Yes for Less е првиот поткаст кај нас што зборува за одржливи навики, споделува инспиративни еко приказни и промовира мали зелени бизниси што прават големи разлики.
Како банка што живее според принципите на одржливост, препознаваме колку е важно да се слушнат приказните од луѓе кои не се секогаш гласни, но се доследни. Луѓе што со својот избор за тоа како живеат, што купуваат, како работат, создаваат подобро утре за сите нас.
Без филтри, без флоскули, само искрени разговори за тоа што значи да се биде одговорен кон природата и општеството.
Ако ве инспирираат добри идеи и сакате да слушнете за одржливоста на дело, посетете го линкот yesforless.mk/potkast