Содржина
Започна едукацијата на ПроКредит бизнис академијата
Во април го направивме она што одамна го планиравме – ја отворивме ПроКредит бизнис академијата, платформа создадена за сите микро и мали претприемачи што сакаат да растат, учат и се поврзуваат.
Во три дена, од 8 до 10 април, 90 претприемачи во три групи ја почнаа оваа нова едукативна авантура со нас. Преку модули, интерактивни сесии и практична работа, започнавме да ја градиме основата на нешто што одамна недостасуваше кај нас, структуирана програма за нефинансиска поддршка на бизнисите.
Модулот со кој стартувавме беше посветен на темата „Интерно претприемништво“, начин на размислување кој поттикнува иновации, идеи и раст одвнатре. Наш водич беше Сандра Савановиќ-Стевановиќ, партнер и директор во Alphabet Group Белград, која со над 25 години искуство, над 3.500 обучени претприемачи и со работа во повеќе од 20 земји, внесе глобална перспектива во нашата локална средина.


Нејзината главна порака беше: „Интерното претприемништво не е луксуз – тоа е неопходност за секој што сака да биде чекор пред конкуренцијата.“
Во текот на модулот, учесниците работеа на:
- развивање претприемачки начин на размислување во компанијата,
- техники за генерирање иновативни идеи,
- препознавање нови можности и креирање вредност,
- стратегии за управување со ризици кај новите иницијативи,
- подобрување на тимската динамика.
Ние не сме банка што нуди само банкарски услуги. Веруваме дека вистинска поддршка значи многу повеќе: споделено знаење, заеднички раст и искрено партнерство. Токму затоа ја креиравме оваа академија како простор каде што ќе учите, ќе разменувате искуства, и ќе се поврзете со луѓе што се соочуваат со исти предизвици и можности како вас.


Среќни сме што ова прво издание беше прифатено со ентузијазам, а уште посреќни што ова е само почеток.
Се гледаме на следниот модул!