Содржина
Стари рециклирани билборди во форма на уникатни торби што носат силна порака
Сведочиме на време кога еколошките предизвици бараат итни и креативни решенија, а одржливоста станува сè поважна вредност во секојдневното делување. ПроКредит Банка, преку својата иницијатива, повторно покажа како одговорноста кон животната средина може да добие нова форма, овојпат во вид на уникатни торби.
Со јасна визија и посветеност кон зелена иднина, банката одлучи старите билборди наместо да завршат во отпад, да бидат реупотребени во наменски производи. Во соработка со архитектката Елена Пазарџиевска Ристовска, од овие платна беа создадени повеќе од 30 рачни торби и торби за велосипеди, чија цел беше да се поттикне свеста за рециклирање и заштита на животната средина.
Проектот служи како пример за иновативна реупотреба, но и како поттик за размислување, најмногу за да си го поставиме прашањето за тоа како да дадеме нова вредност на она што повеќе не го користиме?
Заедно со локални креативци и соработници, ПроКредит Банка продолжува да гради култура на одговорност и одржливост.