Содржина
Школа за новинари – дигитализација
Што значи дигитализацијата во пракса? Како се менуваат навиките на клиентите, а како одговараат институциите? И која е улогата на новинарите во сето тоа?
Овие прашања беа во фокусот на последната средба од Школата за новинари, иницијатива што ПроКредит Банка ја организира веќе неколку години по ред, заедно со новинарите како простор за учење, критичко размислување и практична обука за младите.
Темата на оваа сесија беше „Дигитална трансформација: Одговорност кон иднината на бизнисите“, а настанот помина со интерактивни панел дискусии каде директно, конкретно и без филтри се дискутираше за тоа како компаниите, особено банките, носат одлуки што влијаат врз секојдневието на граѓаните. Претставници од ПроКредит Банка зборуваа за тоа како се дигитализираат услугите, како се менува начинот на комуникација со клиентите, но и за важните прашања околу заштита на податоци, транспарентност и етика.
Програмата е наменета за вклучување на новинарите во теми што бараат критичко размислување и разбирање на пошироката слика. Токму затоа, Школата за новинари е дел од иницијативите на ПроКредит, преку кои банката постојано вложува во едукација, медиумска писменост и општествена одговорност.


