Содржина
Секој четврток сме чекор поблизу до поздрава иднина
Веќе втора година по ред, четврток е ден кога одговорноста и позитивната енергија се сретнуваат на Водно. Со иницијативата „И јас сум на Водно 2025“, заедно со нашите партнери Mastercard, планинарскиот клуб H2O и планинарскиот дом Даре Џамбаз, повторно создаваме простор за секој што сака да направи нешто убаво за себе и за околината.
Оваа година, во фокусот на овој настан е нашата ProActive платформа, па така, сега со секоја прошетка до планинарскиот дом Даре Џамбаз, односно со секое скенирање на нашиот QR код, обезбедувате уште едно ново дрво што ПроКредит Банка и Mastercard го засадуваат во ваше име, а вие дополнително добивате три месеци бесплатно одржување на ProActive сметка.
Тоа значи дека:
- Директно придонесувате кон пошумување на опожарените подрачја (веќе засадивме 9.000 дрвја минатата сезона)
- Станувате сопственик на премиум Mastercard World картичка – биоразградлива, со многу поволности
- Имате можност за неограничени трансфери во земјата без провизија и бесплатно подигнувања на средства од кој било банкомат во земјата
- Добивате бесплатен пристап до аеродромски LoungeKey зони на над 1.500 аеродроми и поволности за глобален роаминг
ProActive е сметка што ви дава можност да бидете дел од една посветена и одговорна заедница. А ние, од секоја месечна членарина издвојуваме средства за општествено одговорни проекти.
Што се случува секој четврток на Водно?
- Заедничко искачување до Даре Џамбаз, на 1060 м.н.в.
- Забавна, активна и пријателска атмосфера
- Едукативни работилници на различни теми (кампување, здрава исхрана, планинарење, екологија)
- Забава со добра музика
Она што е важно да го знаете пред да тргнете е:
- Рампата на Средно Водно е затворена – дојдете без возила
- Настанот се одвива на сопствена одговорност
- Носете соодветна опрема (обувки, челна ламба, вода, наполнет мобилен)
- Не оставајте отпадоци – грижата за Водно е грижа за сите нас
Ве очекуваме секој четврток во 19:00 часот.
Секој наш чекор се брои и секоја акција прави промена.
👉 Дознајте повеќе за ProActive тука
👉 Следете го настанот на социјалните мрежи



