Содржина
Заедно ја враќаме зелената боја на Делчево
Во ПроКредит Банка веруваме дека вистинската промена започнува со конкретна акција, а оваа пролет ја почнавме токму така.
Во партнерство со Национални шуми, организиравме голема акција за пошумување на делчевската површина погодена од пожарот во 2021 година. Денес, таа површина повторно добива живот.
Заедно со волонтери и вработени, засадивме 4.500 садници од бел бор и јавор кои симболизираат обнова, а воедно придонесуваат за почист воздух и поздрава животна средина.
ПроКредит продолжува да инвестира во заедницата и во природата. Со ваквите ProActive иницијативи, сакаме не само да ја обновиме околината, туку и да инспирираме одговорност и колективна грижа кај сите нас.
Веруваме дека секое дрво претставува чекор поблиску до иднината каква што ја посакуваме односно одржлива, зелена и полна со живот.


