Содржина
Еден сосема поинаков ден во канцеларија
Има денови кога вообичаената тишина на канцеларијата се заменува со детска смеа, боички расфрлани по маса и стотина прашања на минута. Таков еден ден беше Отворениот ден за децата на нашите колеги.
Ги пречекавме најмладите членови на нашето ПроКредит семејство со цел да им покажеме каде работат нивните родители, но и заедно да поразговараме за некои важни теми како што се штедењето, одговорноста кон природата и важноста на секојдневните избори што ги правиме, сето тоа преку игра, разговори и цртежи.
Во креативниот дел, малите уметници добија задача да создадат свои дизајни на платнени еко торби, а резултатите беа фантастични. Секоја торба претставуваше своја приказна, шарена и искрена, токму како нивните умови.
Канцелариите за еден ден беше простор за игра, за учење и за создавање спомени. А ние, возрасните, се потсетивме колку е важно понекогаш да застанеш и да видиш колку магија има во детскиот ентузијазам.
Овој Отворен ден беше потсетник дека грижата за вработените значи и внимание за нивните семејства, заедничко време и создавање простор каде вредностите се пренесуваат.

