Содржина
Обука за дигитална трансформација во Струмица
Дигиталната трансформација звучи како голем чекор, и навистина е. Затоа, за да ви помогнеме да почнете со сигурни, конкретни потези, во Струмица одржавме уште една од нашите нефинансиски иницијативи посветени на унапредување на локалниот бизнис екосистем.
Во партнерство со Центарот за дигитална трансформација – GoDigital и програмата на Швајцарската агенција за развој и соработка – Increasing Market Employability (IME), ја реализиравме еднодневната обука на тема дигитална трансформација, наменета за претставници на мали и средни претпријатија од регионот. Целта беше да им помогнеме на локалните бизниси да ги препознаат можностите што ги нуди дигитализацијата и да го започнат или да го унапредат процесот на трансформација прилагоден на нивните капацитети.
Експертите Јован Димитров, Димитар Бардаров и Митко Андонов преку практични презентации и дискусии ги запознаа учесниците со клучните трендови, предизвиците и придобивките од дигиталниот развој. Темите ги опфатија основите на дигитална стратегија, проценка на дигитална зрелост, избор на соодветни алатки, како и примери од реалниот сектор за успешно воведување на технологии во секојдневното работење.



Особено важен дел од обуката беше индивидуалниот пристап бидејќи секој бизнис има своја приказна, структура и потреби, а токму тоа беше препознаено и од страна на тренерите кои им помогнаа на учесниците да ги постават првите конкретни чекори во трансформацијата.
За нас, одржливоста не се мери само преку финансиски показатели, туку и преку долгорочната поддршка што им ја даваме на нашите клиенти да растат, да се прилагодуваат и да останат конкурентни во свет кој брзо се менува. Овие едукативни иницијативи се дел од нашата мисија да изградиме посилен и поинформиран бизнис сектор, особено во внатрешноста на земјата, каде ваквиот тип поддршка често е потешко достапен.
Продолжуваме да инвестираме во знаење, мрежи и практични алатки кои имаат реален и мерлив ефект на претприемачите.