Содржина

    Kога отпадот станува уметност – Уникатни рециклирани ламби со јубилејното лого на ПроКредит банка

    May 15, 2025

    Во рамки на обележувањето на 20 години присуство на македонскиот пазар, ПроКредит Банка реализираше специјален проект насловен како „Рециклирани ламби“, иницијатива која го спои концептот на одржливост со локална креативност. 

    Повеќе од 50 столни ламби беа изработени од рециклирани материјали собрани од самите вработени во банката – од шишиња и капачиња, до делови од стари предмети што добија нова функција и форма. Автор на овие ламби е Христо Бојаџиев, инженер и уметник кој под својот бренд 2nd cycle создава оригинални парчиња од отпаден материјал. 

    Секоја ламба е уникатна и рачно изработена, како симболичен подарок со порака – за клиентите и соработниците на банката, но и за сите кои ја препознаваат важноста на повторната употреба. 

    Со овој проект, ПроКредит ја продолжува својата иницијатива за поттикнување на култура на штедење, еколошка свест за намалување на отпад и поддршка на локални уметници кои имаат реално влијание врз заедницата.