Содржина

    Изложба – НЕзаштитена природа

    May 15, 2025

    ПроКредит Банка беше домаќин на изложбата „НЕзаштитена природа“ од авторот Велиан Јагев, кој преку серија внимателно одбрани фотографии ја претстави разновидноста на птици што живеат во нашата земја. Дел од нив се загрозени, некои сè уште недоволно истражени, а сите заедно говорат за богатството на биодиверзитетот кој сè уште постои, но не е доволно заштитен. 

    Изложбата беше организирана со цел да го насочи вниманието кон значењето на зачувувањето на животната средина, со посебен акцент на видови птици кои ретко ги среќаваме, но кои се важен дел од еко-системот. 

    Во рамките на настанот се одржа тивка аукција, преку која беа собрани 231.000 денари. Овие средства беа инвестирани во активности насочени кон подобрување на условите за живот на ретки и автохтони птици во Македонија. 

    Оваа иницијатива е дел од пошироките иницијативи на ПроКредит Банка, која во изминатите 20 години континуирано вложува во еколошки и општествено одговорни проекти. Поддршката на изложбата „НЕзаштитена природа“ е уште еден пример за тоа како банката соработува со автори и организации кои ја споделуваат истата грижа за животната средина. 

    Погледнете дел од атмосферата на настанот.