Содржина

    Иновација во образованието – ги подготвуваме студентите за иднината! 

    August 19, 2025

    Што добивате кога ќе споите студенти, професори и луѓе од банкарството во еден заеднички проект? Просторија полна свежи идеи, практични решенија и многу ентузијазам! 

    Изминатиот семестар, заедно со Економскиот факултет при УКИМ, започнавме нов тип на соработка каде над 150 студенти, менторирани од своите професори и експерти од ПроКредит Банка, работеа на вистински предизвици од банкарската пракса. 

    Тимовите создаваа иновативни бизнис модели, маркетинг концепти, дигитални решенија и идеи за одржливост – сè што ѝ е потребно на една модерна банка денес.  

    На завршниот настан во главната зграда на ПроКредит Банка, проектите беа претставени пред стручно жири, а најдобрите добија признанија и шанса за пракса или вработување. 

    Оваа иницијатива ја гледаме како почеток на едно подолго партнерство со универзитетите каде што студентите учат преку практична работа на реални предизвици, а компаниите се поврзуваат со младите на време. 

    И не застануваме тука. Следен чекор е отворањето на посебен хаб за соработка и развој во рамки на Економскиот факултет. Во овој модерен простор студентите ќе можат да креираат и презентираат идеи во вистински професионални услови. 

    Чест ни е да обезбедиме ПроАктивно образование за младите, амбициозни луѓе со огромен потенцијал.