Содржина

    Добрите идеи заслужуваат поддршка 

    May 15, 2025

    Во ПроКредит Банка, веруваме дека секоја добра идеја заслужува поддршка, особено кога доаѓа од млади луѓе подготвени да донесат позитивни промени. Затоа со задоволство бевме дел од хакатонот #ИмамИдеја 2024, организиран од Startup Club Skopje, дводневен настан исполнет со енергија, креативност и претприемачки дух. 

    Како поддржувачи и ментори, имавме привилегија да ги следиме 30-те најиновативни идеи, претставени од мотивирани млади тимови кои со голема посветеност ги обликуваа своите концепти во конкретни стартап решенија. Најдобрите 10 тима продолжуваат во инкубаторската програма #ИмамИдеја, каде што ќе ја добијат потребната насока, знаење и алатки за понатамошен раст. 

    Нашиот тим активно се вклучи во менторскиот процес, нудејќи практични совети и поддршка со цел да ги охрабриме младите да ги направат вистинските чекори во развојот на нивните идеи. 

    ПроКредит Банка останува посветена на создавање услови каде што иновацијата се негува, а претприемништвото се поттикнува. Оваа иницијатива под ProActive платформата е само еден од многуте чекори во нашата поддршка на одржливи, паметни и храбри проекти.