Содржина
Гордо дадовме поддршка на настанот ZEN Инклузивно Soirée на Equality
Модата може да биде израз на достоинство, еднаквост и инклузија – ова го откривме на настанот ZEN Инклузивно Soirée, организиран од здружението Equality, кој на уникатен начин ја отвори темата за инклузија преку модата – уметноста што зборува без зборови.
На модната писта гордо чекореа модели со попреченост, презентирајќи ја првата колекција на ZEN Futurus, адаптирана и внимателно дизајнирана гардероба која не прави разлики, туку ги брише бариерите. Овој моден настан ја надмина естетиката и беше гласно сведоштво за тоа што значи вистинска еднаквост во пракса.
А ние, препознавајќи ја важноста на ваквите иницијативи, остануваме цврсто посветени на создавање општество во кое различностите се вредност, а не пречка.
Продолжуваме да ја поддржуваме инклузијата како акција што води кон заедништво, еднакви можности и достоинствен живот за сите.