Содржина

    Го започнавме серијалот ProBiz Superpowers со работилница на тема ефективно лидерство

    May 16, 2025

    Вчера во Startup Club Skopje официјално го означивме стартот на едукативниот серијал „ProBiz Superpowers“, како дел од програмата Млади во бизнис, поддржана од Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД).

    Првата работилница беше посветена на една од најважните теми за секој амбициозен претприемач – ефективното лидерство. Под менторство на докажаните професионалци Гојко Родиќ и Ивана Хенкел вон Донерсмарк, младите учесници се впуштија во интерактивна сесија која им понуди практични алатки и вештини и ги охрабри на лична рефлексија и излез од комфорната зона.

    За време на работилницата се отворија важни прашања:

    • Што значи да се биде лидер, а не само менаџер?
    • Како да се инспирира и води тим со интегритет и визија?
    • Како се гради доверба и влијание без авторитет?

    Покрај размената на знаење, настанот создаде простор за вмрежување, нови познанства и инспиративни разговори помеѓу млади претприемачи кои ја споделуваат истата енергија и желба за успех.

    Цврсто веруваме дека вистинската поддршка за младите претприемачи не е ограничена на финансии, туку вклучува и едукација, менторство и платформа каде што можат да растат.

    Следуваат уште многу работилници во рамки на ProBiz Superpowers кои ќе донесат различни практични вештини и можности за раст.