Содржина

    Бесплатен coworking простор во Аеродром – Hive Room  

    May 16, 2025

    Првата локација на Hive и понатаму останува отворена за сите што бараат функционален, пријатен и бесплатен работен простор. Hive Room – Аеродром е веќе препознатливо катче за фриленсери, индивидуалци и стартап тимови кои сакаат да работат заеднички во опуштена и релаксирана средина. 

    Сместен во мирна и пристапна околина, овој coworking простор располага со 6 работни позиции кои се модуларно прилагодливи за индивидуалци или помали тимови. Hive Room е достапен од понеделник до петок, од 9 до 17 часот

    Просторот на Hive Room во Аеродром нуди: 

    • Работни бироа – одредени позиции за секој корисник 
    • 15% попуст на храна и пијалаци од Среќа бар – за вкусни и продуктивни паузи 
    • Телефонски говорници – за фоксуирани работни повици 
    • Простор за одмор – за кратка или долга пауза помеѓу работните обврски 
    • Приватни шкафчиња – за чување на вашите предмети 

    Овој простор веќе е дел од навиките на многу млади професионалци и креативци. Hive Room е иницијатива создадена со визија да ја поддржи локалната заедница преку обезбедување на вистински услови за работа, вмрежување и развој. Зад иницијативата стојат ProCredit Bank, Quipu и Mastercard, кои го прават овој простор достапен и бесплатен за користење. 

    Аплицирај за своето работно место тука: pcb.mk/hiveroom