Што е ProActive?
ProActive е платформа посветена на одржливост, која ги обединува сите наши општествено одговорни заложби и преку реализација и поддршка на проекти активно се грижи за луѓето, природата и заедницата.
Отсега, преку ProActive платформата ти овозможуваме и тебе директно да се вклучиш во нашите одржливи иницијативи и активно да учествуваш во обликувањето на подобро утре. Платформата е создадена за луѓе кои сакаат нивните секојдневни финансиски одлуки да имаат реално и позитивно влијание, за нив лично, но и за пошироката заедница.
Како можеш да се вклучиш? Многу лесно.
Аплицирај за ПроАктив пакетот и приклучи се на нашата заедница. Како ПроАктив член, покрај поволностите за нашите банкарски услуги, со твојот глас допринесуваш за почиста, поеднаква и посилна заедница. Секој месец, ПроКредит Банка ќе одвојува 30мкд од твојата редовна месечна претплата, со што правиш дополнителен придонес во постоечкиот фонд за донации преку кој ќе се поддржуваат општествено одговорни проекти.
Со ПроАктив:
- Директно придонесуваш кон реализација на општествено одговорни проекти и иницијативи
- Го слушаме твојот глас – Можеш да предложиш кои општествено одговорни иницијативи сметаш дека треба да бидат поддржани
- Добиваш пристап до информации каде твоите средства се вложуваат
- Уживаш во поволностите на ПроАктив сметката и ПроАктив картичката
Ајде заедно да почнеме да водиме сметка за сѐ она што е навистина важно!