Водич низ Net Zero транзицијата

Измерете го влијанието, препознајте ги можностите – одржливо работење што носи заштеди за малите и средни претпријатија.

Преземете го водичот и пресметајте ги вашите емисии.

Измерете го влијанието, препознајте ги можностите – одржливо работење што носи заштеди за малите и средни претпријатија.

Преземете го водичот и пресметајте ги вашите емисии.

Подобрете го Вашето работење преку намалување на емисиите на CO₂

Net Zero иницијативата на ПроКредит банка, во согласност со целите на Парискиот договор, е наменета за мали и средни претпријатија кои сакаат да го подобрат своето работење и да ја зајакнат својата отпорност на климатските и економските предизвици.
Клучни чекори и алатки што можат да ви помогнат на патот кон Net Zero:
• Прирачник за чекори кон Net Zero работење
• Калкулатор за мерење на емисиите на CO₂
• Препораки за намалување на емисиите
• Еколошки и финансиски заштеди
• Усогласеност со прописите

Подобрете го Вашето работење преку намалување на емисиите на CO₂

Што добива вашиот бизнис со Net Zero иницијативата?

Намалување на трошоците

Намалување на трошоците

Пониски оперативни трошоци преку зголемена енергетска ефикасност.

Прочитај повеќе
Усогласување со регулативите

Усогласување со регулативите

Подготовка за регулативата како CBAM и CSRD.

Прочитај повеќе
Воведување на иновации и отпорност

Воведување на иновации и отпорност

Развивање нови производи и услуги прилагодени на зелените трендови.

Прочитај повеќе
Остварување на пазарна вредност

Остварување на пазарна вредност

Усогласеност со очекувањата на ЕУ партнерите и клиентите.

Прочитај повеќе
Привлекување на таленти

Привлекување на таленти

Еколошки свесните кандидати ги избираат одржливите компании.

Прочитај повеќе

Преземете го Net Zero водичот и дознајте ги можностите

Net Zero водичот ви помага да ги идентификувате клучните области за намалување на емисиите и оптимизација на трошоците. Ќе дознаете како да ја подобрите енергетската ефикасност, да преминете на обновливи извори на енергија и да ги модернизирате вашите деловни процеси.

Измерете ги емисиите со помош на ProCredit CO₂ калкулаторот

ProCredit CO₂ калкулаторот им овозможува на малите и средните претпријатија лесно мерење на емисиите на стакленичките гасови кои произлегуваат од нивните активности.
Оваа алатка ви дава јасна основа за донесување информирани одлуки и планирање на следните чекори кон намалување на емисиите.

Поставете цели

Кога целите се мерливи и временски определени, полесно е да се следи напредокот и да се обезбеди долгорочна одржливост. Со поставување реални, но амбициозни цели, ја покажувате својата стратешка посветеност на намалување на емисиите.

Спроведете чекори прилагодени на индустријата во која работите

ПроКредит Банка обезбедува стручна и финансиска поддршка при имплементацијата на одржливи решенија, прилагодени на потребите на вашето претпријатие. По поставувањето на целите, следува нивна реализација преку практични мерки — од инвестиции во енергетски ефикасни технологии и премин на обновливи извори на енергија, до оптимизација на деловните процеси и едукација на вработените.

Континуирано следете ја вашата трансформација преку известување

Доследното следење на резултатите и редовното известување за постигнатите достигнувањапретставуваат основа за долгорочна одржливост и кредибилитет. На тој начин не само што ја зајакнувате довербата на клиентите и партнерите, туку и поттикнувате култура на одговорност во рамките на организацијата. Транспарентноста во известувањето овозможува прецизна евалуација на спроведените мерки и континуирано унапредување на стратегијата.

Преземете го Net Zero водичот и пресметајте ги вашите емисии

Преземете го Net Zero водичот и пресметајте ги вашите емисии

Воведувањето на одржливи практики започнува со разбирање што мериме, зошто тоа е важно и како можеме да напредуваме.

Подготвивме практичен водич низ Net Zero транзицијата, кој ќе ви помогне да:

  • го насочите вниманието кон клучните аспекти на Net Zero транзицијата,
  • стекнете подобар увид во клучните поими,
  • идентификувате конкретни чекори што можете да ги преземете.

Пред користење на ProCredit CO₂ калкулаторот, ве советуваме да го прочитате водичот за да:

  • знаете кои податоци треба да ги соберете,
  • и да ги опфатите сите области на работењето што се анализираат.

Мерењето на емисиите е повеќе од бројка – тоа е првиот чекор кон одржлива трансформација на вашето работење.

Пресметајте ги емисиите со ProCredit CO₂ калкулаторот

Прочитај повеќе

Зошто треба да размислувате за Net Zero пристапот?

Со воведување на конкретни мерки за намалување на потрошувачката на енергија — како што се премин на LED осветлување, модернизација на застарена опрема или инвестирање во обновливи извори на енергија — малите и средните претпријатија можат значително да ги намалат своите оперативни трошоци.

Овие инвестиции во многу случаи се имаат поврат  за краток временски период, а долгорочно обезбедуваат постабилна финансиска позиција и помала зависност од сè понестабилниот енергетски пазар.

Енергетската ефикасност не е само еколошка обврска, туку и економски паметен потег кој ја зголемува отпорноста на работењето и им овозможува на претпријатијата подобро да го планираат идниот раст.

Законодавната рамка во областа на заштитата на животната средина станува сè построга — како во Северна Македонија, така и на меѓународно ниво. Со навремено усвојување стратегии за намалување на емисиите, малите и средните претпријатија остануваат усогласени со прописите, избегнуваат потенцијални казни и се позиционираат како одговорни учесници на пазарот.

Особено е важно да се истакне дека Европската унија воведува Механизам за прекугранично усогласување на јаглеродот (CBAM), кој има за цел да воспостави правична цена за емисиите на CO₂ кај увезената стока со високо јаглеродно оптоварување. Оваа регулатива, чија целосна примена се очекува до 2027 година, директно ќе влијае на компаниите што извезуваат стока во Европската унија. Претпријатијата кои веќе сега ги мерат своите емисии и преземаат чекори кон нивно намалување, ќе бидат подготвени да одговорат на овие барања без прекини во работењето и без дополнителни финансиски оптоварувања.

Преминот кон Net Zero модел на работење не подразбира само намалување на емисиите, туку и отворање простор за иновaции што го унапредуваат целокупното работење. Воведувањето на одржливи практики често поттикнува преиспитување на постојните процеси, производи и услуги, што создава можност за воведување нови технологии, материјали и пристапи. Таквата трансформација може да резултира со развој на производи со помало влијание врз животната средина, поефикасни процеси и подобро користење на ресурсите, со што се отвораат и целосно нови извори на приходи.

Покрај тоа што ја зајакнува конкурентската позиција на пазарот, овој пристап ја зголемува отпорноста на претпријатието на надворешни ризици – од флуктуации во цените на енергенсите и суровините, до регулаторни промени и очекувања на потрошувачите. Компаниите кои проактивно се прилагодуваат на новите услови на работење побрзо одговараат на предизвиците и од неизвесните околности излегуваат посилни. Net Zero не е само еколошка, туку и деловна стратегија за долгорочна стабилност и раст.

Во време кога потрошувачите, инвеститорите и деловните партнери сè повеќе ја вреднуваат одржливоста, посветеноста на целта за нулта нето емисии станува силна алатка за диференцијација на пазарот. Компаниите кои активно работат на намалување на својот јаглероден отпечаток не само што придонесуваат за зачувување на животната средина, туку и градат посилен и покредибилен бренд.

Таквиот пристап привлекува еколошки свесни потрошувачи, но и големи купувачи и партнери кои сè почесто ја поставуваат одржливоста како услов за соработка. Транспарентното комуницирање на напредокот и целите дополнително ја зајакнува довербата, ја зголемува лојалноста на клиентите и ги отвора вратите кон нови пазари. На тој начин, одржливото работење станува не само етички избор, туку и стратегиска предност што придонесува за раст на продажбата и долгорочна конкурентска позиција.

Денес, повеќе од кога било претходно, помладите генерации при избор на работодавач ја вреднуваат одржливоста и општествената одговорност. Компаниите кои јасно ја комуницираат својата посветеност на намалување на емисиите и заштита на животната средина имаат поголема можност да привлечат еколошки свесни професионалци — особено оние од новите генерации кои на пазарот на труд доаѓаат со изразена желба да работат во согласност со своите вредности.

Со имплементацијата на Net Zero стратегијата, вашата компанија не само што се прилагодува на новите пазарни и регулаторни услови, туку се позиционира и како атрактивен и одговорен работодавач. На тој начин, одржливоста станува клучен елемент во создавањето на пожелна работна култура и во привлекувањето на таленти кои сакаат преку својата работа да остават позитивен белег.