Инклузивно банкарство
Банкарски услуги создадени за сечии потреби.
Банкарски услуги создадени за сечии потреби.
ProYOUng пакет за млади
Бесплатен банкарски пакет за динамични и прогресивни млади луѓе на возраст од 15 до 25 години. Со фокус на модерните навики и потреби, пакетот нуди уникатни поволности и можност за младите да го искусат најдоброто од дигиталното банкарско работење.
Информирај се и аплицирај
Стартап пакет
Уникатен пакет за финансирање на новоосновани компании, создаден со карактеристики кои одговараат на специфичните потреби на бизнисите во развој. Стартап пакетот обезбедува квалитетна поддршка при управување со финансиите и одговара на предизвиците со кои се соочуваат стартапите.
Информирај се и аплицирај
Пакет за жени претприемачи
Бизнис пакет за поддршка на мали и средни претпријатија кои се во сопственост или се управувани од жени. Како дел од програмата Women in Business, овој бизнис пакет вклучува можности за финансирање, но и многу други поволности кои придонесуваат за деловен раст и развој.
Информирај се и аплицирај
Фриленс пакет
Специјално дизајнирана понуда наменета да ги задоволи уникатните потреби на современите професионалци. Фриленс пакетот обезбедува целосна поддршка на фриленсерите кои работат дигитално, имаат приливи од странство и најчесто немаат регулиран статус на вработување во Македонија.
Информирај се и аплицирај
Пакет за млади претприемачи
Бизнис пакет за поддршка на мали и средни претпријатија кои се во сопственост или се менаџирани од млади претприемачи до 35 години. Пакетот е дел од програмата Youth in Business која им помага на младите претприемачи да пристапат до финансирање, знаење, експертиза и други клучни ресурси за да ги надминат своите предизвици и да го реализираат својот потенцијал.
Информирај се и аплицирај