Содржина
Преку ProActive, ПроКредит Банка засади околу 3.000 нови садници во атарот на селото Кучково – за тебе, за природата, за иднината
ПроКредит Банка продолжува доследно да ја гради својата улога како одговорна институција која активно придонесува за заштита и унапредување на животната средина. Преку платформата ProActive, банката континуирано реализира иницијативи што имаат реално и долгорочно влијание врз природата и заедницата.

Во рамки на овие активности, денес тимот на ПроКредит Банка беше дел од акција за пошумување на опожарени површини во атарот на селото Кучково, на планината Жеден. На површина од еден хектар беа засадени околу 3.000 садници мал црн бор – вид кој е прилагоден на овие услови и има важна улога во обновувањето на шумските екосистеми.



Со оваа акција се направи значаен чекор кон враќање на зеленилото на подрачја кои биле погодени од пожари, но и кон зајакнување на природната рамнотежа. Секое засадено дрво претставува инвестиција во почиста животна средина, подобар квалитет на воздухот и поодржлива иднина за идните генерации.
Пошумувањето не е само симболичен чин, туку конкретна и мерлива активност што придонесува за зачувување на природните ресурси. Токму затоа, преку ProActive платформата, ПроКредит Банка останува посветена на иницијативи кои носат вистинска вредност – не само денес, туку и на долг рок.


Оваа акција е дел од пошироката заложба на банката, која веќе повеќе од две децении активно реализира еколошки проекти и иницијативи, потврдувајќи дека одржливоста е составен дел од нејзиното работење, а не само декларативна определба.

Голема благодарност до ЈП „Национални шуми“ за поддршката, партнерството и заедничката посветеност во реализацијата на оваа акција, како и за признанието за општествено одговорна компанија кое денеска ѝ беше доделено на ПроКредит Банка.
ПроКредит Банка, преку ProActive, останува тука – за тебе, за природата и за иднината.
