Содржина

    ProActive дрвото на добрината исцрта над 100 детски насмевки

    December 29, 2025

    Празничниот период е време кога радоста има уште поголема вредност кога ја споделуваме со останатите. Водени од таа идеја, ПроКредит Банка ја реализираше иницијативата „ProActive – Дрво на добрината“, преку која беа собрани над 100 детски пакетчиња за дечиња од социјално загрозени семејства.

    Иницијативата произлезе од идејата на нашата колешка Елена Никовска, директор на одделот за управување со информативна безбедност, а беше реализирана во соработка со здружението „Љубезност“. Тимот на ПроКредит Банка се обедини околу една едноставна, но силна мисија – да исцрта што повеќе насмевки и да покаже дека празничната радост треба да биде еднакво достапна за сите.

    Новогодишните празници се тука за сите нас, но не секое дете ги доживува на ист начин. Токму затоа, под нашето дрво на добрината секој член на тимот на ПроКредит Банка остави барем по едно пакетче. По повеќедневната акција собравме над 100 детски пакетчиња кои ќе им бидат поделени на деца за кои ваквите моменти носат посебна надеж и радост.

    Собраните пакетчиња беа предадени на здружението „Љубезност“, кое понатаму ќе се погрижи тие да стигнат до дечињата кои веруваат дека чудата се возможни и дека Дедо Мраз можеби оваа година ќе ги посети. Со оваа иницијатива ПроКредит Банка преку својата ProActive платформа посветена на одржливоста, останува фокусирана на обезбедување поголема солидарност, посилно заедништвото и активното придонесување кон заедницата. Среќата се множи и станува уште поголема само кога се дели со другите за време на празниците.