Содржина

    Преку ProActive засадивме уште 9 000 нови садници во Валандовскиот регион – за тебе, за природата, за иднината! 

    December 16, 2025

    Веруваме во зелена иднина и неуморно работиме на нејзино создавање – ПроКредит и вие, заедно. Водени од оваа идеја, во рамки на платформата ProActive, учествувавме во значајна акција за пошумување во Валандовскиот регион, каде успешно засадивме над 9.000 садници багрем и чемпрес. 

    ПроКредит Банка повеќе од 20 години е посветена на одржливи практики и грижа за животната средина, со јасна цел – создавање поздрави и позелени заедници. Платформата ProActive е основата на оваа посветеност, заедно со вас, клиентите кои веруваат во платформата и нејзината цел. Таа не е само иницијатива, туку двигател на конкретни активности што ја поврзуваат заедничката визија, посветеноста и активното учество во реални промени. Во реализацијата на оваа акција, клучна беше довербата од клиентите, посветеноста на нашиот ПроКредит тим и поддршката и професионалноста на ЈП „Национални шуми“, без кои овој проект не би бил возможен. 

    Пошумувањето не е само чин на садење дрвја, туку јасен симбол на одговорност и грижа за иднината. Нашиот тим беше на терен, целосно ангажиран и мотивиран, затоа што веруваме дека вистински резултати се постигнуваат само со заеднички напор кој нè води до позелена иднина.  

    Акцијата во Валандово е дел од нашата поширока стратегија за општествено одговорно делување преку ProActive, која вклучува конкретни, долгорочни чекори за подобрување на животната средина. Засадивме 9.000 дрвја како продолжение на мисија што трае и која ќе продолжи и понатаму, враќајќи го зеленилото повторно онаму каде некогаш беше изгубено. 

    Искрена благодарност до ЈП „Национални шуми“, до нашиот посветен тим и до сите што веруваат во силата на ProActive – платформа која секојдневно прави разлика.