Содржина
ProLab – нова креативна лабораторија на Економскиот факултет
На првиот академски ден официјално беше отворенa ProLab, новата креативна лабораторија на Економскиот факултет – Скопје, реализирана со поддршка од ПроКредит Банка. Просторот е веќе популарен помеѓу студентите, а е составен од две функционални целини и тоа – зона за тимска работа и презентации и катче за одмор, што им овозможува на студентите слободно да експериментираат, да развиваат идеи и да ги преточуваат во практични проекти.
Концептот и дизајнот на лабораторијата се изработени од студенти од Архитектонскиот факултет при УКИМ, во соработка со тимот на Super Block (Smart Living), што на ProLab му дава автентична студентска енергија и модерен дизајн.


Свеченото отворање го одбележаа обраќањата на ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Мијалче Санта, и членот на Управниот одбор на ПроКредит Банка, Милан Дамчевски, кои ја истакнаа важноста на овој проект како мост меѓу академската заедница и бизнис-секторот.


ProLab е достапна за сите студенти и претставува нов стандард во модерното образование, како простор кој ја поттикнува креативноста, соработката и професионалниот развој.