Содржина

    „Лидерство во акција“ – уште една работилница за жените-претприемачки

    August 19, 2025

    Кога жените се поддржуваат меѓусебно, се случуваат вистински промени. Токму тоа го почувствувавме на работилницата „Лидерство во акција“, која ја реализиравме во нашите простории, во соработка со Европската банка за обнова и развој (EBRD) во рамки на програмата Жени во бизнис. 

    Со оваа програма овозможуваме едукација за жените на различни теми кои се клучни за успешно водење на бизнис. Овој пат, фокусот го ставивме на практичните алатки за градење одржлив, отпорен бизнис.  

    Со поддршка од Викторија Митреска (Bold Consulting) и Гојко Вучиниќ (Frankfurt School of Finance and Management), учесничките имаа можност да научат: 

    • Зошто визијата е компасот на секој успешен бизнис 
    • Како да се оптимизираат процеси и да се изгради ефикасна структура 
    • Колку е важен силниот, лојален тим за долгорочен раст 

    Атмосферата на настанот беше отворена, инспиративна и полна со енергија. По искрените разговори и размената на искуства и идеи, сите заминавме со отворени нови умствени хоризонти и мотивација за акција. 

    Токму затоа овие настани ни се посебно драги, тука сите учиме, се охрабруваме, се поврзуваме. Благодарни сме им на сите жени што одвојуваат време да инвестираат во себе и во својата визија, што нас нѐ мотивира да продолжиме со вложување во ваквите програми. 

    Продолжуваме во нашата мисија, да градиме силна заедница од претприемачки кои водат со самодоверба, автентичност и одговорност.