Содржина
Садиме вистински вредности од мали нозе – ProActive на InFusion 2025
Еден сончев јунски викенд блесна во сите бои, благодарение на InFusion фестивалот. А ние, со гордост бевме дел од таа слика и преку нашата ProActive платформа го поддржавме овој настан.
Во соработка со нашите пријатели од Equality, кои веќе долго време се двигатели на инклузијата кај нас, креиравме катче каде што цртавме, се смеевме и садевме. Ова наше „Шараме и садиме“ катче преку игра испрати мала еко порака од најмладите за сите нас – дека вредностите кои ги негуваме денес, ги обликуваат навиките и светот во кој ќе живееме утре.
Со секоја насмевка и секој мал цртеж, се всадуваше и по некоја голема порака, за прифаќање, одговорност и грижа. А дрвцето што заедно го засадивме е симбол што ќе остане да нѐ потсетува колку е важно уште од најрана возраст да учиме дека секоја позитивна промена почнува од нас.
Навиките се градат рано. А кога тие навики се засновани на инклузија, одржливост и емпатија, тогаш растеме заедно во вистинската насока.
Токму затоа и ја создадовме ProActive платформата, за да ги поврземе луѓето, идеите и вредностите кои градат подобро утре. Да ги претвориме принципите во пракса, а добрите намери во дела.
Голема благодарност до сите што беа дел од фестивалот. Продолжуваме да создаваме заедница што прифаќа, инспирира и менува.



