Содржина

    Hive повторно на две локации!

    May 16, 2025

    Hive Room е бесплатен coworking простор наменет за фриленсери, стартапи и мали тимови што сакаат да работат во мирна, но истовременто инспиративна работна атмосфера. Hive Room е создаден со цел да поттикне размена на идеи и соработка каде истовремено може да бидете креативни и максимално продуктивни. 

    Новата локација – Hive Room – Centar, се наоѓа на бул. „Партизански одреди“ бр. 17, во рамки на The Hub by Adeva. Помеѓу работните маси на Adeva, обезбедени се две посебни позиции за членовите на Hive заедницата. Просторот е достапен од понеделник до петок, од 9 до 17 часот, и овозможува мирно катче за работа во самиот центар на градот. 

    Дополнително секој корисник добива сопствено, постојано работно место. Coworking просторот располага со брз интернет, удобни работни услови и пристап до заеднички простории што се погодни и за кратки состаноци или малку подолги паузи. Атмосферата е пријатна и поттикнува концентрација, што го прави просторот идеален за индивидуална работа или развој на некои нови проекти. 

    Покрај доделеното работно биро, Hive Room – Центар нуди и: 

    • Топли пијалоци – кафе и чај, достапни во текот на целиот ден 
    • Телефонски говорници – за важни разговори со клиенти  
    • Лаунџ зони –  најважните простори за одмор, пауза или кратки разговори 
    • Приватни шкафчиња – за безбедност на личните предмети 
    • Паркинг за велосипеди – за оние што знаат како паметно да ја избегна гужвата во Скопје 

    Hive е заедничка иницијатива на ProCredit Bank, Quipu и Mastercard, насочена кон поддршка на локалната заедница и развој на претприемништвото. Идејата зад Hive не е само да понуди простор за работа, туку да се изгради една мрежа на луѓе кои сакаат да споделуваат искуства и да се поврзуваат надвор од удобноста на својот дом. 

    Аплицирај за своето место: pcb.mk/hiveroom