Содржина
Засадивме нова шума од еден хектар во Кучково
Сите сакаме зелена иднина. Но, не е доволно само да посакаме, мора и да преземеме нешто. Затоа, ние оваа пролет засадивме нова шума.
Заедно со Национални шуми, организиравме пошумување во село Кучково, каде што повторно оживеавме површина од 1 хектар којашто беше оштетена од шумски пожари во изминатите години.


Засадивме нови дрвја како симбол на живот и обновување, и директно придонесовме кон заздравување на еден мал, но вреден дел од нашата заедничка планета.
Ова не е првпат да се вклучиме во вакви активности, и дефинитивно нема да биде последен.
Грижата за животната средина е суштински дел од тоа што сме ние, и како банка, и како луѓе.
Сите сме дел од истиот екосистем. Ако го уништиме, ја губиме рамнотежата. Ако се грижиме за него, ни возвраќа со чист воздух, здрава почва, богат биодиверзитет и подобро утре. Па дури и ако тоа значи „само“ еден хектар, ние знаеме дека секое дрво е важно.
Засадивме за да дишеме. Засадивме за да вратиме живот таму каде што бил уништен. Засадивме за да потсетиме дека природата нема копче за ресет.


Оваа акција е дел од нашите пошироки еколошки заложби, не само декларативни, туку реални, опипливи чекори кои сакаме да ги преземаме со вас.
Ако и вие верувате дека промените почнуваат со мали дела, ви благодариме што сте со нас. Ние продолжуваме понатаму да ја користиме секоја можност да направиме повеќе.