Содржина
ProBiz Superpowers во Битола – младите претприемачи учеа за Design Thinking
Во претприемништвото, добрите идеи се важни. Но уште поважно е како ги претвораме во реалност. Токму таа мисла нè водеше кога, заедно со нашите партнери од Европска банка за реконструкција и развој и BAU Accelerator, ја организиравме втората ProBiz Superpowers работилница во Битола.
Искрено, беше инспиративно. Младите претприемачи од југозападниот регион ни се приклучија во еден поинаков, практичен и иновативен начин на размислување – Design Thinking. Оваа методологија, која ја користат некои од најуспешните светски компании, не е само за дизајнери, туку за сите што сакаат да создаваат решенија што навистина имаат значење.
Под водство на Александар Стамболиев и Никола Огненовски, низ интерактивна и динамична сесија, учесниците учеа како да го разберат вистинскиот проблем, истражуваа идеи од различни агли, создаваа прототипи што можат веднаш да се тестираат, и што е најважно, добија структура што можат веднаш да ја применат во сопствениот бизнис.
Како банка која верува во нефинансиска поддршка исто колку што верува и во финансиска стабилност, особено ни е важно да креираме вакви платформи за учење и развој. Design Thinking е алатка што ги менува перспективите и ние сакаме да ја откриеме на што е можно повеќе претприемачи.
Горди сме на оваа работилница. Горди сме на енергијата, љубопитноста и отвореноста на учесниците. А најмногу сме возбудени за сите идеи што ќе се развијат после овој ден. Ова не беше само уште една обука. Ова беше почеток на нови, креативни претприемачки приказни.Во претприемништвото, добрите идеи се важни. Но уште поважно е како ги претвораме во реалност. Токму таа мисла нè водеше кога, заедно со нашите партнери од Европска банка за реконструкција и развој и BAU Accelerator, ја организиравме втората ProBiz Superpowers работилница во Битола.
Искрено, беше инспиративно. Младите претприемачи од југозападниот регион ни се приклучија во еден поинаков, практичен и иновативен начин на размислување – Design Thinking. Оваа методологија, која ја користат некои од најуспешните светски компании, не е само за дизајнери, туку за сите што сакаат да создаваат решенија што навистина имаат значење.
Под водство на Александар Стамболиев и Никола Огненовски, низ интерактивна и динамична сесија, учесниците учеа како да го разберат вистинскиот проблем, истражуваа идеи од различни агли, создаваа прототипи што можат веднаш да се тестираат, и што е најважно, добија структура што можат веднаш да ја применат во сопствениот бизнис.


Како банка која верува во нефинансиска поддршка исто колку што верува и во финансиска стабилност, особено ни е важно да креираме вакви платформи за учење и развој. Design Thinking е алатка што ги менува перспективите и ние сакаме да ја откриеме на што е можно повеќе претприемачи.


Горди сме на оваа работилница. Горди сме на енергијата, љубопитноста и отвореноста на учесниците. А најмногу сме возбудени за сите идеи што ќе се развијат после овој ден. Ова не беше само уште една обука. Ова беше почеток на нови, креативни претприемачки приказни.