Содржина

    Како се станува успешен истражувачки новинар? – Школата за новинари гостуваше на Правниот факултет

    May 16, 2025

    Веруваме дека доброто новинарство е двигател на позитивни промени. Затоа, преку нашата „Школа за новинари“, активно вложуваме во иднината на медиумите и младите.

    Преку оваа иницијатива имавме чест да бидеме дел од еден инспиративен настан на Правниот факултет при УКИМ. Заедно со професорката д-р Јасна Бачовска Недиќ, организиравме предавање за студентите кои се заинтересирани за комуникации и новинарство, со фокус на истражувачкото новинарство како клучна алатка за вистинска општествена промена.

    Наша гостинка беше Ирена Мулачка, новинарка и главна уредничка на неделникот „Фокус“, добитничка на осум награди за истражувачко новинарство. Таа со студентите сподели искуства од нејзината 17-годишна кариера, реални предизвици, лични лекции, и совети што не се учат од учебник.

    „Новинарот мора да биде истраен, да вложува во своето знаење и, најважно, да не ја загуби довербата,“ истакна Ирена. Таа зборуваше за вредноста на личниот контакт, за принципите на кредибилитет и интегритет, и за тоа што значи да се биде новинар што навистина прави разлика.

    Студентите слушаа, прашуваа, размислуваа. А ние уште еднаш се уверивме дека има надеж за оваа професија.

    Во оваа прилика професорката Бачовска Недиќ со гордост истакна: „Овие студенти се посебни – амбициозни, фокусирани и со јасна визија. Овие настани се шанса да се поврзат со реалниот свет и да ја изградат својата кариера одговорно и со страст.“

    И ние во ПроКредит Банка сме посветени на тоа да им дадеме простор, знаење и поддршка, затоа што новинарството ни е важно, а младите уште повеќе. Затоа, продолжуваме со иницијативи за општествена одговорност и одржлив раавој преку поддршка на новинарството.