Содржина

    Даваме поддршка на иновациите на Startup Weekend Skopje

    May 16, 2025

    Централната управа на ПроКредит Банка, во соработка со Solveo, беше домаќин на настанот на којшто се раѓаат иновации што прават разлика – Startup Weekend Skopje! И оваа година, со огромно задоволство бевме главен спонзор на настанот, заедно со Mastercard, затоа што веруваме во иста визија: да изградиме силна, иновативна и одржлива стартап заедница.

    Оваа соработка има посебна вредност за нас бидејќи е заснована на заедничката страст за поддршка на младите, на технологијата и на претприемништвото што носи позитивни промени во општеството.

    Во текот на 54 интензивни часа, 10 тимови работеа посветено на развој на иновативни решенија со фокус на социјални иновации. Гледавме мотивирани млади луѓе кои со својата енергија, креативност и визија покажаа дека Македонија има огромен потенцијал за претприемачки раст.

    Победничката идеја „CareConnect“ се истакна со иновативна платформа која ги поврзува семејствата на постари лица со старатели, нудејќи грижа што е персонализирана, сигурна, и со реална вредност за заедницата.

    Ние во ПроКредит Банка остануваме посветени на поддршка на стартап екосистемот, не само преку финансиска поддршка, туку и преку активно вклучување, едукација и отворање нови можности за младите иноватори. Затоа што вистинските промени започнуваат од храбра идеја, но се случуваат кога тие идеи ќе добијат вистинска поддршка.

    Благодарност до сите учесници, организатори и нашите партнери од Mastercard.