Содржина
Предавање на Економскиот факултет – Како се проценува кредитниот ризик?
Повторно имавме чест да бидеме гости-предавачи на Економскиот факултет во Скопје, во рамки на наставната програма на студентите од четврта година.
Ивана Дончовска, Директор на Секторот за кредитен ризик во ПроКредит Банка, одржа интерактивно и практично предавање „Проценка на кредитниот ризик“, тема што е од клучно значење за стабилноста и одржливоста на банкарскиот сектор.

Студентите имаа можност да се запознаат со реални сценарија од банкарската пракса, да слушнат како се носат важни финансиски одлуки, и да научат кои алатки и анализи се користат во секојдневната проценка на ризикот.
Преку примери од прва рака и отворена дискусија, предавањето пренесе реална слика на процесите што се клучни за одговорното кредитирање, нешто што е основа на нашата работа како банка која промовира одржливо финансирање и поддршка на бизнис секторот.
Секој пат ни претставува задоволство да ги поддржиме идните економисти и банкарски професионалци, охрабрувајќи ги да вложуваат во своето знаење и да размислуваат критички, со фокус на квалитет, транспарентност и долгорочен развој.
Благодарност до Економскиот факултет за соработката од која се раѓаат вакви инспиративни средби.