Содржина

    Штедиме од мали нозе!

    May 16, 2025

    По повод Светскиот ден на штедењето, ја отвoривме вратата за најмладите, затоа што веруваме дека финансиската писменост започнува уште од најрана возраст.

    Нашата Управна зграда, како и филијалите во Струмица, Битола и Чаир, станаа место за детска радост и учење. Дечињата имаа можност да ги истражат нашите модерни зони 24/7, да дознаат како функционира банкомат и да научат што значи да се штеди со план и одговорност.

    Дополнително, ги посетивме децата во неколку градинки низ Драчево, Карпош, Кавадарци и Куманово, каде преку едукативни игри и разговори зборувавме за тоа зошто е важно да знаеме да управуваме со парите уште од млади години.

    Секоја активност беше внимателно осмислена за да ги охрабри децата да развиваат здрави навики, како поставување цели, препознавање на потреби наспроти желби и разбирање на вредноста на трудот и парите, а нивните насмевки ни покажаа дека сме донеле правилна одлука.

    Како банка, цврсто стоиме зад мисијата да градиме финансиски одговорно општество, почнувајќи од најмладите, затоа што штедењето е животна вештина што овозможува стабилна и сигурна иднина.